Новости

Филм

Саудиска Арабија бара од Нетфликс да ја отстрани содржината што ги нарушува исламските вредности

Земјите од Персискиот залив бараат од Нетфликс да ги отстрани сите содржини за кои веруваат дека ги прекршуваат „исламските и општествените вредности и принципи“, објавија саудиските медиуми.

Неодамна објавената содржина, вклучително и онаа наменета за деца, е во спротивност со прописите, предупредуваат во соопштението набљудувачите на медиумите на Советот за соработка на арапските земји од Персискиот залив.

Саудиската државна телевизија Ал Ехбарија во неодамнешниот извештај прикажа заматени клипови од анимираната серија „Светот Јура: Камп Креда“, во која две тинејџерки се заљубуваат една во друга и се бакнуваат. Во овој телевизиски пренос е цензуриран е и клип од францускиот филм „Cuties“.

Тие напишаа дека Нетфликс е „кино екран за неморални пораки кои го загрозуваат здравото воспитување на децата“. Друго видео објавено на страницата Al Ekhbariye вели дека Нетфликс „ја промовира хомосексуалноста преку претерано фокусирање на хомосексуалците“. Каналот исто така интервјуираше јавни личности кои упатија слични обвинувања и ги повикуваат властите да преземат итна акција.

„Нетфликс е контактиран за да се отстрани оваа содржина, вклучително и содржината насочена кон деца, и да се обезбеди усогласеност со законот“, се вели во соопштението на Саудиската Генерална комисија за аудиовизуелни медиуми и Одборот на претставници на радиодифузни медиуми на GCC.

Предупредуваат дека надлежните ќе го следат почитувањето на директивите, а во случај да продолжат да се емитуваат содржини со прекршување, ќе бидат преземени правни мерки.

Нетфликс сеуште нема одговори на овие осудувања.

Евротип
SNBROKER
To Top