Новости

Филм

Серијата „Wednesday“ стана најгледана на Натфликс

Серијата во „Wednesday“ го собори рекордот на Нетфликс, бидејќи стана најгледана серија во првата недела од стриминг со 341,23 милиони гледани часови.

„Wednesday“ освен што ги сруши рекрдите во гледаноста на најгледаната серија Нетфликс во првата недела од емитувањето, туку таа стана и најгледаната серија на стримерот на англиски јазик во текот на секоја седмица на емитување.

Со ова, се урна рекордот за четвртата сезона на серијата Stranger Things (335 милиони часови гледаност во првата недела), и речиси го достигна вкупниот рекорд на корејската серија Squid Game (571,8 милиони часа гледање на врвот на популарноста ).

Имено, оваа серија успеа да влезе во Топ 10 најгледани серии во 93 земји во светот, односно во сите оние чија статистика ја следи Нетфликс, а во 83 од нив е на прво место. Серијата беше гледана во повеќе од 50 милиони домаќинства.

За потсетување, Џена Ортега ја глуми Wednesday (Среда) Адамс и го следи нејзиниот престој во академијата Невермор, каде што се обидува да ги контролира своите моќи, да смири серија убиства и да реши 25-годишна мистерија во која се вклучени нејзините родители.

Други улоги ги толкуваат Кетрин Зета-Џонс, Луиз Гузман, Фред Армисен, Исак Ордонез, Кристина Ричи и многу други. Режисер и извршен продуцент на серијата е Тим Бартон.

Насловна фотографија / print screen – you tube

Евротип
SNBROKER
To Top