Новости

Филм

Том и Џери се враќаат со нови авантури во игран филм

Безвременските ликови од цртаниот филм со кој пораснаа многу генерации, сега се враќаат со нови лудории. Приказната за нашата омилена и добро позната мачка, Том и глушецот Џери кои живеат во иста куќа надмудрувајќи се веќе 80 години ќе се обидат да ги фасцинира новите генерации.

Оваа традиција ќе продолжи во нов филм чија премиера е закажана за 2021 година. Том и Џери се враќаат во нов хибрид од анимиран и игран филм.

Режисерот Тим Стори изјави дека филмот се снима во реалниот свет а Том и Џери ќе бидат додадени со анимација. Том и Џери ги продолжуваат своите лудории во тотално друго време. Иако главните ликови се анимирани во сличен стил, новиот филм ќе ја задржи формата односно главните ривали повторно нема да имаат гласови.

Клои Грејс Мортез игра организатор на гламурозна свадба во хотел во Њујорк и очекува глушецот Џери да се исели од хотелот каде што ќе се одржи венчавката.

Во новиот трејлер може да се забележи препознатливата естетика, но со нов и модерен изглед.

GOLD
To Top