Новости

Филм

Џенифер Лопез е платен убиец во новиот акционен филм на Нетфликс

После помирувањето и официјалното повторно вклучување на брак со актерот Бен Афлек, светот полуде по оваа двојка и папараците се чини дека ги следат во секој нивни чекор. И само што рекоме дека Џеј Ло ќе прави пауза, познатата пејачка и актерка не само што не го прави тоа, туку работи понапорно од било кога!

Годинава ја видовме во романтичната комедија Marry Me (You’re the one), но во меѓувреме сними уште еден филм, овојпат од тотално поинаков жанр. Џеј Ло, всушност, глуми платен убиец во новиот акционен филм на Нетфликс, наречен „The mother“ Таа е во бегство од опасните луѓе со кои се „замерила“ додека ја вршела својата работа, поради што решила да се смири некое време и да живее подалеку од нивни дофат. Меѓутоа, кога дознава дека нејзината одамна напуштена ќерка е во опасност, таа е принудена да се врати на стариот занает и да направи се што е во нејзина моќ за да ја заштити.

„Мајка“ е режиран од Ники Каро од приказна на Миша Грин. Филмот на Нетфликс ќе пристигне во мај 2023 година.

Неодамна беше објавен првиот трејлер од овој филм, а како изгледа можете да погледнете во продолжение.

Евротип
SNBROKER
To Top