Новости

Филм

Џејмс Франко како Кастро во филм за вонбрачната ќерка на кубанскиот лидер

Џејмс Франко е избран за поранешниот кубански лидер Фидел Кастро во претстојниот филм „Alina Of Cuba“.

Како што објави NME, заплетот на филмот, во режија на Мигел Бардем, ја следи приказната за Алина Фернандез (која ја игра Ана Вилафања), ќерката на Фидел Кастро и Наталија Ревуелта од вонбрачна врска.

Фернандез открила дека Кастро и бил биолошки татко кога имала десет години.

Таа станува една од неговите најголеми критичари и била апсена неколку пати обидувајќи се да ја напушти Куба.

Во 1993 година успеала да побегне во Шпанија со лажни документи и перика.

Снимањето започнува деновиве, поточно на 15 август во Колумбија.

Евротип
SNBROKER
To Top