Новости

Филм

Џорџ Клуни и Џулија Робертс не се поднесуваат во новата романтична комедија „Ticket to Paradise“

Џулија Робертс конечно се враќа во жанрот романтична комедија. Познатата холивудска актерка игра во филмот,, Ticket to Paradise“ во кој друштво и прави Џорџ Клуни. Дека помеѓу овие двајца има хемија, докажува филмското платно. Инаку, нивната нова соработка ја режираше Ол Паркер (Mamma Mia! Here we go again).

Во оваа романтична комедија, Робертс и Клуни играат поранешни сопружници кои сè уште жалат затоа што пребрзо се венчале. Кога нивната ќерка Лили (Кејтлин Дивер) оди на одмор на Бали по дипломирањето и решава да се омажи за локалец таму, нејзините родители одат во Индонезија за да ја убедат да не ја направи истата грешка како нив.

Трејлерот, кој можете да го погледнете во продолжение, во преден план ја става нетрпеливоста меѓу главните ликови.

„Најлошите деветнаесет години од мојот живот“, вели ликот на Клуни во расправијата со неговата поранешна сопруга која ја игра Робертст, а таа му одговара: „Бевме во брак само пет!”

„Го вклучив и опоравувањето“, возвраќа тој.

Евротип
SNBROKER
To Top