Новости

Филм

11-то издание на фестивалот за кратки филмови – Balkans Beyond Borders – “contr(u)st”

Balkans Beyond Borders (BBB) ги повикува македонските млади режисери да ги пријават своите филмови на 11-то издание на фестивалот за кратки филмови Balkans Beyond Border, кој ќе биде одржан во Измир, Турција на тема contrUst: It is U who makes the difference. Oд 2010, фестивалот се има одржано во 10 градови (Белград, Тирана, Атина, Букурешт, Сараево, Солун, Брисел, Нови Сад и повторно Атина), со програма од над 380 Балкански и над 200 небалкански филмови.

Фестивалските награди ќе ги додели жири составено од познати професионалци од филмската индустрија. Наградата за најдобар филм изнесува илјада евра, а ќе биде доделена и награда за најдобар прв филм, специјални признанија и награда од публиката. Рокот за пријавување е продолжен до 15. јуни оваа година.

Повеќе информации за условите и начинот на пријавување на следниот линк: http://www.balkansbeyondborders.eu/wp-content/uploads/2020/03/participation-terms-2020.pdf

GOLD
To Top