Новости

Филм

„Avengers: Endgame“ заработи две милијарди долари

Последниот филм од серијалот „Avengers“ за само 12 дена од прикажувањето заработи над две милијарди долари во светски рамки. Ова е втората најбрза таква заработка по „Аватар“.

„Avengers: Endgame“ е петтиот филм во историјата што ја надмина границата од две милијарди долари заработка, поточно 2,188 милијарди. Познавачите прогнозираат и дека може да го симне „Аватар“ и неговите рекордни 2,78 милијарди од престолот, што сега се чини прилично достижно.

Само во САД, филмот заработил 619 милиони, а во остатокот од светот – 1,57 милијарди долари.

GOLD
To Top