Новости

Филм

„Bullet Train“ – Акционен филм со примеси на комедија, како вистинско летно освежување

Бубамарите наводно носат среќа. Сепак, се чини дека тоа не е случај за најголемата ѕвезда во Холивуд, Бред Пит. Во акциониот трилер „Bullet Train“, тој се појавува како Бубамара – лош професионален убиец решен да си ја врши работата на посмирен начин овој пат, бидејќи премногу претходни обиди тргнаа наопаку.

Споменатиот акционен фим со примеси на комедија, дефинитивно  би го препорачале како вистинско летно освежување.

Трејлерот ги објаснува новите ликови и подетално ја открива приказната за филмот. Секако, сето тоа со грст хумор и квалитетна акција. Погледнете го, доколку до сега не сте запознати околу филмот.

 

Евротип
SNBROKER
To Top