Новости

Филм

Disney најави премиери на три нови Star Wars филмови и четири Avatar продолженија

Disney вчера соопшти дека ќе снима уште три „Star Wars“ филмови што ќе имаат премиери од 2022 година натаму.

Тоа значи дека ќе има пауза од три години меѓу „Star Wars: The Rise of Skywalker“ кој ќе има премиера на 20 декември годинава и следниот филм што ќе почне да се прикажува на 16 декември, 2022 година.

Уште два „Star Wars“ филмови ќе следат во декември 2024 и 2026, велат од Disney и додаваат кога може да ги очекуваме и четирите продолженија на „Avatar“.

Оригиналниот „Avatar“ стана филм со најголема заработка во историјата, со 2,8 милијарди долари заработени на кинблагајните ширум светот во 2009 година.

Премиерата на „Avatar 2“ е поместена од 18 декември, 2020 за 17 декември, 2021 година. Следните три ќе имаат премиери во декември 2023, 2025 и 2027 година.

Disney не ги откри насловите и приказните за новите филмови од популарните франшизи. Не е познато дали трите „Star Wars“ филмови се дел од трилогија или ќе бидат спиноф на главната сага за Скајвокер.

Франшизата „Star Wars“ има заработено околу 9,5 милијарди долари ширум светот од премиерата на првиот филм во 1977 година. Во таа заработка се вбројуваат и петте филмови во продукција на Disney што имаат заработено речиси 5 милијарди долари на светските киноблагајни од 2015 година наваму.

Disney исто така најави дека следната година ќе има и два нови Marvel филмови – на 1 мај и на 6 ноември.

GOLD
To Top