Новости

Филм

The black phone – Предлог хорор филм кој ќе ги задоволи апетитите и на најприбирливите за овај жанр

Ако сте љубители на ваквиот жанр, се наоѓате на правилното место. „ The Black phone“ е хорор од кој ужасот ќе предизвика на момент да ви застане срцето. Оваа приказна веруваме дека ќе ги воодушеви и најпребирливите љубители на ваквиот жанр и ќе ви претстави приказна која долго ќе ве прогонува.

Главната улога му припадна на еден од најдобрите актери на денешницата, кој четири пати беше номиниран за Оскар – Итан Хок. Многумина се согласија дека ова е најстрашната и најкомплексната улога во неговата кариера, што ја круниса неговата досегашна работа.

Заедно со Хок, во својата дебитантска улога на големото платно се истакнува и одличниот млад актер Мејсон Темс.

Фин Шо, срамежливо, но паметно 13-годишно момче, е киднапирано од садистички убиец и заробено во звучно изолиран подрум каде што врескањето нема цел. Кога исклучениот телефон на ѕидот почнува да ѕвони, Фини открива дека може да ги слушне гласовите на претходните жртви убијци. Тие се мртви, но се трудат да не му се случи на Фини тоа што им се случило нив.

Евротип
SNBROKER
To Top