Новости

Филм

„The Irishman“: Новиот филм на Мартин Скорсезе доби интересен трејлер

Објавен е уште еден трејлер за „The Irishman“, новиот филм на режисерот Мартин Скорсезе. Трејлерот беше објавен на Tonight Show со Џими Фалон и дава увид во иновативната техника на подмладување на актерите со специјални ефекти.

Новиот трејлер покажува како Френк „The Irishman“ Ширен (Роберт Де Ниро) прави завера со Расел Буфалино (Џо Пески) за ликвидација на лидерот на синдикатите Џими Хофа. Со позадина на убиството на Кенеди, трејлерот покажува како Ширен успешно се инфилтрира во блискиот круг на Хофа.

Филмот е базиран според книгата „I Heard You Paint Houses“ од Чарлс Бренд, издадена во 2004 година. Сценариото на „The Irishman“  е напишано од Стивен Заилиан.

Премиерата на филмот е закажана за 8 ноември.

GOLD
To Top