Новости

Кино

Јане Бојаџи вечерва на премиерата на „Ругање со Христос“ во Битола

На вечерашната премиера во Битола  на „Ругање со Христос“ режисерот Јани Бојаџи го потврди своето присуство, како и присуството на дел од екипата на филмот:

Марко Кобе, Ко-Продуцент од Словенија

Љупчо Тодоровски, Актер

Кирил Трајковски, Актер

Публиката ќе има можност после проекцијата да постави прашања на режисерот и гостите.

НАСЛОВ: Ругање со Христос

СИНОПСИС: Александар Филипопулос, познат грчки новинар во Франција, во деновите кога неговиот личен и професионален живот е на раскрсница, добива писмо од неговиот братучед Вани од Грција дека татко му Лазар Филиповски починал во Македонија. Александар се враќа од Парис во Атина и Скопје во потрага по вистината за тоа кој навистина бил неговиот татко Лазар, кој бил киднапиран од терористи Албанци во војната од 2001 година.

АКТЕРИ: Љупчо Тодоровски, Јоана Пилиху, Мето Јовановски, Јоана Поповска

ПРОДУКЦИЈА: Орион продакшн, Скопје

КОСТИМОГРАФ: Невенка Тасева Петровиќ

КОМПОЗИТОР: Горан Трајкоски

СЦЕНАРИО И РЕЖИЈА: Јани Бојаџи

GOLD
To Top