Новости

Кино

Битолска премиера на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“

Битолска премиера на македонскиот филм кој го освојува светот „ Господ постои, името ѝ е Петрунија“ .
Филмот ги доби престижните награди “Ecumenical Jury Award” и “Guild Film Prize” на Берлинскиот филмски фестивал .
Премиерата на филмот ќе се одржи во 3Д кино Битола на 28.03.2019 (20:00), а истиот ќе се прикажува до 31.03.2019.

Синопсис:
Во Штип, мало гратче во Македонија, секој јануари локалниот свештеник фрла дрвен крст во реката, а стотици мажи со нуркање сакаат да дојдат први до него. Среќата и просперитетот се загарантирани на човекот кој ќе го фати прв.
Петрунија неочекувано се фрла во водата од каприц и успева да го фати крстот пред другите.
Нејзините конкуренти се бесни – како се осмелува жена да учествува во нивниот ритуал? Настанува општ хаос, но Петрунија опстојува на своето. Таа го освои својот крст и нема да се откаже.

Цена : 150 денари.

GOLD
To Top