Новости

Кино

Последниот филм на Бруно Ганц од утре во 3Д кино Битола – „Куќата што ја изгради Џек“ на Ларс фон Трир

Последната улога на светски познатиот актер Бруно Ганц кој се прослави со улогата на Хитлер во „Падот“, беше во филмот „Куќата што ја изгради Џек“ на Ларс фон Трир. Оваа трилер-драма која раскажува за развојот на серискиот убиец Џек, а гласот кој го води до чистилиштето е на Виргил (Бруно Ганц) чиј лик се појавува дури на крајот од филмот. Токму последното филмско остварување на Ганц битолчани ќе можат да го видат на кино, како дел од неделниот репертоар на 3Д кино Битола започнувајќи од утре, петок, 22 февруари 2019 од 22:15 часот.

Инаку Бруно Ганц на битолчани им е познат бидејќи во 2015 година тој беше добитник на специјалната „Златна камера 300“ за особен придонес во филмската уметност што се доделува на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Бруно Ганц почина после долго боледување на 16 февруари 2019 година на 77-годишна возраст во неговиот дом во Цирих.

Роден е во Цирих, Шавајцарија, но неговата кариера се врзува со германската кинематографија. Во неговата богата актерска кариера, тој играше во филмови од англиско и германско говорно подрачје.

„Куќата што ја изгради Џек“

САД во 1970-тите. Приказната го следи Џек во период од 12 години и ги претставува убиствата кои го дефинираат развојот на Џек како сериски убиец. Ние ќе ја доживееме приказната од гледна точка на Џек, додека тој заклучува дека секое убиство е уметничко дело само по себе. Како што се прибижува неизбежната полициска интервенција, тој превзема се поголеми ризици во обидот да создаде врвни уметнички дела…

Жанр: Драма, Трилер

Траење на филмот : 152 минути

Режија: Lars von Trier

Улоги: Matt Dillon, Bruno Ganz, Uma Thurman, Siobhan Fallon Hogan, Sofie Gråbøl

Возрасна категорија: четврта категорија, +16

Дистрибутер: KT Film & Media

Датуми на прикажување:

Петок 22.02.2019. 22:15
Недела 24.02.2019. 22:00
Понеделник 25.02.2019. 22:00
Вторник 26.02.2019. 22:00
Среда 27.02.2019. 22:00

Цена на влезниците: 150 денари.

 

GOLD
To Top