Новости

Кино

Утре, монодрамата „Пауна“ ќе се изведе во прилепското кино „Мис Стон“

Во вторник 30 јули 2019 од 20.00 часот во киното Мис Стон ќе биде изведена монодрамата „Пауна“ по текст на Мирјанка Ристеска Селчанец.

Монодрамата ја изведува Сара Марковска, 16 годишна ученичка од Ресен, која неодамна се закити со наградата млад актер на годинашниот 17 –ти Интернационален фестивал „Актерот на Европа“ .

Режисери на претставата се Сотир Чаушевски и Даринка Веслиевска од Ресен, а кореографијата е на Виолета Колодезни.

Настанот е во рамките на Прилепското културно лето, што го реализира ЦК„Марко Цепенков“.

GOLD
To Top