Новости

Кино

Филмската авантура за деца „ Фантастичното патување на Роби и Тоби“ ќе се прикажува во Битола

Денеска во Битола почнува да се прикажува детскиот филм „Фантастичното патување на Роби и Тоби“ – приказна за дете-иноватор и неговиот пријател робот кои тргнуваат на необично патување.

Филмската  авантура за деца „ Фантастичното патување на Роби и Тоби“ за необичните пријатели кои создаваат совршено возило со кое ќе можат да патуваат по воздухот, водата и земјата, од денеска почнува истовремено да се прикажува во шест киносали во Македонија. Приказната за малиот иноватор Тоби и неговиот пријател – малиот робот Роби ќе се прикажува во Кинотеката на Македонија  и киното „Милениум“ во Скопје, во киното при Центарот за култура во Битола и во Домовите на културата во Гостивар, Гевгелија и Неготино.

Станува збор за семеен филм од поновата германска продукција. Режисер е Волфганг Грос. Филмот е во продукција на Wüste Film во копродукција со Studiocanal Film и Walking The Dog. Дистрибуцијата во Македонија е помогната од German Films. Филмот трае 106 минути.

Роби и Тоби се пријатели, необични пријатели, бидејќи Роби е мал робот. За нивната авантура, за нивното патување тие создаваат совршено возило со кое ќе можат да патуваат по воздухот, водата и земјата.

GOLD
To Top