Новости

Кино

Најновиот филм за Џејмс Бонд „Не е време за умирање“ од утре на репертоарто на 3Д кино Битола

Новиот филм за Џејмс Бонд „Не е време за умирање“, 25-ти по ред, од утре и во битолското 3Д кино.

„Дами и господа, Неговото име е Бонд. Џемс Бонд. И во четврток доаѓа на црвениот тепих во Битола.

Да, ќе имаме и црвен тепих и вистинска кино премиера, како што само знае да организира вашето 3Д кино 🎞🎥

Се враќаме оваа есен во нашето кино, на голема врата 🔴
Со филмски проекции паралелно со светските премиери 🔴

Ве очекуваат уште малку билети за премиерата на новиот Бонд четврток во 20.00ч“, објавија од 3Д кино Битола.

Светската премиера беше на 28 септември, по 18 месеци од првично најавениот термин и три одложувања поради пандемијата на ковид-19. Во првиот викенд од прикажувањето во Велика Британија заработи повеќе од претходните филмови за Џејмс Бонд. Во Британија игра во 772 кино сали, со над 9.000 проекции на ден.

Петтото и последно појавување на Даниел Крег како тајниот агент 007 заработи 21 милион фунти од петокот до неделата. Со тоа ги победи „Скајфол“, кој заработи 20,2 милиони фунти и „Спектра“ (19,8 милиони), кои досега беа на првите две места.

Филмот веќе се прикажува на 54 земји и заработи 119 милиони долари.
Од утре игра во САД, а од 29 октомври во Кина, кои важат за најголеми филмски пазари.

За петтиот и последен филм на Даниел Крег како Бонд, Кевин Мејхер од „Тајмс“ вели дека е подобар од добар, додавајќи дека е величествен. Питер Бредшо од „Гардијан“ го опиша филмот како „епска бура која носи драма, комедија, скршено срце, хорор и акција како од старите времиња“, заклучувајќи дека филмот е навистина весел и спектакуларен.

„Ве очекувавме господине Бонд, веќе подолго време. Каква радост и олеснување што се вративте“, вели Роби Колин од „Телеграф“.

Евротип
SNBROKER
To Top