Новости

Кино

Недела на јапонски филм во Битола

На ревијата на современ јапонски филм годинава во Битола ќе се прикажат два нови филмски наслови: ПОКАЖИ МИ ГО ПАТОТ ДО СТАНИЦАТА (Eki Made no Michi wo Oshiete / Show me the way to the station) на Наоки Хашимото (Naoki Hashimoto) и РЕСТОРАН ОД НЕБОТО (Sora no resutoran / Restaurant from the sky) на Јошихиро Фукагава (Yoshihiro Fukagawa);
Изборот за годинешното издание на НЕДЕЛАТА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ е главно од жанрот на семејната драма: филмовите ни го осветлуваат актуелниот аспект на модерното живеење во Јапонија, низ кој се проткајува чудесната традиција на древната јапонска култура и цивилизација.

10.06.2021 г. (четврток) во 20:30 ч. МАЛА САЛА
ПОКАЖИ МИ ГО ПАТОТ ДО СТАНИЦАТА
(Eki Made no Michi wo Oshiete / Show Me The Way To The Station)
Игран филм, Јапонија
2019, 125 мин., колор, ДЦП
Режија: Наоки Хашимото (Naoki Hashimoto)
Сценарио: Иџуин Шизу (Ijuin Shizu)
Улоги: Ниицу Чисе, Јоши Оида, Сакаи Маки, Такито Кеничи (Niitsu Chise, Yoshi Oida, Sakai Maki, Takito Kenichi)

Девојчето Сајака сè уште не може да прифати дека Лу, нејзиното сакано куче, починало. Еден ден Сајака оди на тајното место каде што играле заедно со Лу за да го бара, верувајќи дека тоа е сè уште живо. Таму наидува на куче, кое по неколку дена подоцна, повторно ќе го сретне пред кафуле во нејзиното соседство. Сопственикот на кафулето, Котаро, во соседството важи како тврдоглав и необичен. Исто како и Сајака, и стариот Котаро сè уште не може да ја прифати реалноста по смртта на неговиот мал син пред неколку децении… Сајака започнува почесто да го посетува кафулето на Котаро и тие постепено се запознаваат подобро. Заедничка им е силната желба повторно да ги видат оние кои ги сакале, а заминале. Така, тие двајцата се среќаваат со една чудесна „илузија“…

Возрасна категорија: за сите возрасти
Влезница: бесплатен влез

11.06.2021 г. (петок) во 20:30 ч. МАЛА САЛА
РЕСТОРАН ОД НЕБОТО
(Sora no resutoran / Restaurant From The Sky)
Игран филм, Јапонија
2019, 126 мин., колор, ДЦП
Режија: Јошихиро Фукагава (Yoshihiro Fukagawa)
Сценарио: Доки Харуми (Doki Harumi)
Улоги: Оизуму Јо, Хонџо Манами, Окада Масаки (Oizumi Yo, Honjo Manami, Okada Masaki)

Ватару живее со неговата сопруга и ќерката Шиори на ранч со добиток во Хокаидо. Го наследил ранчот од неговиот татко. Тој произведува и сирење, но не е толку вешт во правењето сирење и неговиот строг учител често го критикува. Сепак, тој добро се забавува со своите колеги, вклучувајќи го и Канбе, кој се пресели од Токио во Хокаидо. Еден ден, кај нив доаѓа познат шеф-готвач од Сапоро, со намера да купи намирници што ги произведуваат на ранчот. Ватару и пријателите се воодушевени од готвењето и одлучуваат да отворат ресторан. Тие сакаат нивните клиенти да го доживеат истото чувство што го имале кога ја вкусиле преубавата храна на готвачот…

Возрасна категорија: за сите возрасти
Влезница: бесплатен влез

GOLD
To Top