Новости

Кино

Неделен репертоар на 3д Кино Битола

… И на крајот од денот, откако ќе го испиете битолското кафе на нашето ,,Шеталиште” и ги соберете впечатоците од прекрасните есенски прошетки, време е за филм.

Уживајте во неделниот репертоар на 3д Кино Битола.

,,Снежана на крајот умира” Жанр: комедија/драма

Животите на една хикикомори уметница, радио водител со Аспергер синдром, сопственик на видеотека, филозоф од пред гранапче, креативен директор и гинеколог анти-наталист се испреплетуваат низ три откачени приказни за љубов, пријателство и посветеност.

,,Билет за рајот” – Жанр: романтична комедија

Одамна разведените родители на Лили, се здружуваат и патуваат заедно на Бали за да ја спречат Лили да ја направи истата гршка што тие мислат дека ја направиле пред 25 години.

„Не грижи се драга“ – Жанр: психолошки трилер

Џек и Алиса, среќни сопружници што живеат во навидум совршена станбена област во САД, во текот на 1950-тите години. Нивниот дом го обезбедува мистериозната компанија во која работи Џек, а истата компанија го изградила целото нивно соседство.

Водена од љубопитноста за вистинската природа на бизнисот на нејзиниот сопруг, Алиса открива дека идилата во која живее има своја темна страна. Прашањето е дали таа е подготвена да изгуби сѐ за да ја дознае вистината.

 

Евротип
SNBROKER
To Top