Новости

Кино

Публиката се врати во киното во Битола – филмови ќе се гледаат по протоколи

Публиката повторно се врати во кино салите каде ќе може да ги гледа најновите филмови. Меѓу нив и 3Д киното во Битола. Затоа од Центарот за култура Битола порачуваат:

„Продолжуваме со една нова „филмска“ приказна…многу поинаква од онаа што ја познававме во изминатите 7 години.
Пред киното ги нема веќе познатите собиранки со пријателите пред проекција. Кино салата е отворена 45 минути пред проекција за прием на публиката.


Нашиот тим е тука за да ги спроведе мерките пропишани по протоколот.
* Задолжително е одржувањето на пропишаната дистанца.
* Задолжително е носењето маска.
* Задолжителна е дезинфекција.


* Препорачливо е вашите билети да ги набавите претходно за да се избегне гужва.
* Во фоајето не е дозволен прием на повеќе од 30 посетители, а местата за чекање се обележани.


* Регистрација на посетители.


* Местата за седење се јасно обележани и нумерирани, во согласност со препорачаната дистанца.


Но, под маските се наѕираат среќни лица. Времето поминато на кино може да го смени нашиот „филм“ на подобро.
Ве молиме почитувајте ги мерките и чувајте се!
Се гледаме на кино!“

 

GOLD
To Top