Новости

Кино

(Фотогалерија) Голем интерес кај битолчани за премиерата на најновиот филм за Џејмс Бонд

Новиот филм за Џејмс Бонд „Не е време за умирање“, 25. по ред, од вчера ја имаше својата премиера во
битолското 3Д кино во сала целосно пополнета според Ковид-протоколите. И ќе следуваат уште 6 проекции.

Црвен тепих, рефлектори, музика од сите 25 изданија на познатата филмска франшиза, хост тим облечен наменски во бондовски стил ги дочека гледачите на влез на салата, како што прилега на филмска премиера.

Инаку, светската премиера беше на 28 септември, што значи Битола и нејзиното 3Д кино е во градовите кои имаа шанса да го гледаат новиот Бонд, мошне брзо.


Филмот доаѓа по 18 месеци од првично најавениот термин и три одложувања поради пандемијата на ковид-19. Во првиот викенд од прикажувањето во Велика Британија заработи повеќе од претходните филмови за Џејмс Бонд. Во Британија игра во 772 кино сали, со над 9.000 проекции на ден.

 

Петтото и последно појавување на Даниел Крег како тајниот агент 007 заработи 21 милион фунти од петокот до неделата. Со тоа ги победи „Скајфол“, кој заработи 20,2 милиони фунти и „Спектра“ (19,8 милиони), кои досега беа на првите две места.

Филмот веќе се прикажува на 54 земји и заработи 119 милиони долари. Од утре игра во САД, а од 29 октомври во Кина, кои важат за најголеми филмски пазари.

За петтиот и последен филм на Даниел Крег како Бонд, Кевин Мејхер од „Тајмс“ вели дека е подобар од добар, додавајќи дека е величествен. Питер Бредшо од „Гардијан“ го опиша филмот како „епска бура која носи драма, комедија, скршено срце, хорор и акција како од старите времиња“, заклучувајќи дека филмот е навистина весел и спектакуларен.

„Ве очекувавме господине Бонд, веќе подолго време. Каква радост и олеснување што се вративте“, вели Роби Колин од „Телеграф“.

Еве ги термините за сите проекции за новиот Бонд во 3Д кино Битола:

08.10.2021. – 20:00
09.10.2021. – 20:00
10.10.2021. – 20:00
11.10.2021. – 20:00
13.10.2021. – 20:00

3Д кино – твое кино 🔴🎞🎥

   

Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски

Евротип
SNBROKER
To Top