Новости

Книга

Авторката на „50 нијанси сиво“ најавува нов роман

Дејството во романот се одвива во Лондон и во Источна европа. Фокусот на приакзната е на англиски аристократ, кој е заведен од таинтвена, музички надарена млада жена која неодамна пристигнала во Англија.  По најавата на новиот роман, многумина го поврзаа дејството со животот на принцот Хари и Меган Маркл.

Ерика Леонард Џејмс, авторката на триологијата „50 нијанси сиво“,„50 нијанси потемно“ и „50 нијанси ослободени“, најавува нов роман со еротска содржина.
Авторката го најави новиот роман насловен како „Господинот“, приказна за Пепелашка од 21 век.

Дејството во романот се одвива во Лондон и во Источна европа. Фокусот на приакзната е на англиски аристократ, кој е заведен од таинтвена, музички надарена млада жена која неодамна пристигнала во Англија.

По најавата на новиот роман, многумина го поврзаа дејството со животот на принцот Хари и Меган Маркл.

-Максим и Алесиа ме однесоа на фасцинантно патување и се надевам дека и моите читатели и читателки ќе се воодушеват од нивната возбудлива сензуална приказна, рекла Џејмс во гостување во емисија.

Првата новела на авторката „Педесет нијанси сиво“ беше продадена во над 150 милиони копии ширум светот, а подоцна трите дела беа преточени на филмското платно.

„Господинот“ ќе излезе во април 2019.

GOLD
To Top