Новости

Книга

Битолската библиотека наградува за најдобра фотографија на тема „Книгата и зимата“

Со топол чај и книга, зимата е волшебна. Многумина од нас не ја сакаат зимата. Но, секогаш има начин како да ја направите убава и волшебна…Токму затоа битолската библиотека ќе ја награди најдобрата фотографија на тема „Книгата и зимата“.

„ФОТОГРАФИРАЈТЕ СЕ И ИСПРАТЕТЕ НИ ЈА ФОТОГРАФИЈАТА . Најдобрата фотографија ќе биде наградена со книга. Ве чекаме со фотографија до 20 јануари 2019 година. Критериуми – испратете ни ја фотографија на истиот пост и споделете го постот на Вашиот профил. На 21 јануари 2019 година ќе прогласиме победник“, велат од НУУБ „Св.Климент Охридски“ Битола.

GOLD
To Top