Новости

Книга

Излезе од печат најновата книга од битолчанецот Панде Манојлов, „Јужни реки“

Деновиве, непосредно пред одржувањето на Саемот на книгата во Скопје, излезе од печат најновото поетско остварување на македонскиот писател, битолчанецот Панде Манојлов со наслов „Јужни реки“. Стихозбирката, финансирана од Министерството за култура, ја издаде реномираната издавачка куќа „Силсонс“ од Скопје. Книгата содржи 74 песни поделени на три циклуси: „Тивкоод“, „Поле за сонување“ и „Омајниот вкус на татковината“.

Песните од оваа стихозбирка на Манојлов водат отворен дијалог со нашето денешно време и македонските збиднувања полни патриотски призвук, иронзираат со општествените збиднувања, со прозаичното во политиката, укажувајќи притоа, дека македонското поднебје си е такво какво што си и е – македонско и секој треба да го чувствува омајниот вкус на татковината и тој како поет никогаш не заборава: „ Долго и отровно копје/ лебди над моите гради,/ а сабјата/ сè уште се кова/ во ковачницата/ скриена во судбината зла/.

portret PM-FR-1

Панде Манојлов, еден од најплодните македонски поети, е автор на 29 книги поезија, проза, книги за деца и млади и книга театарски критики. Со свои песни е застапен во повеќе антологии во: САД, Кина, Индија, Франција, Бугарија, Палестина, Србија, Хрватска, Руската Федерација и други држави. Минатата година во Париз , Франција напоредно на француски и македонски јазик беше издадена стихозбирката „Мајчин јазик“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Друштвото на писателите на Калифорнија, САД и други здруженија.

GOLD
To Top