Новости

Книга

Книга за секој читател во битолската библиотека

Битолската библиотека веќе неколку години работи на програмите кои се дел од потребите на заедницата. Библиотечните активности ги насочуваат кон воведување на секојдневието во библиотеката со цел да станат дел од животот на читателите.

Затоа предлагаат: „Предложете ни наслови на книги кои саката да ги читате, за стручна литература која ви е потребна, литература која се однесува на корисни совети за домаќинство, начини на одгледување на билки, запознавање со некои нови вештини, корисно поминато слободно време и уште многу многу различни содржини.

За да ја пронајдеме КНИГАТА ЗА СЕКОЈ ЧИТАТЕЛ користете го правото на изборот и не заборавајте да го контактирате вашиот омилен библиотекар. Не заборавете дека без добра книга не можете да ги поминете летните денови“.

GOLD
To Top