Новости

Книга

Книги кои мора да ги имате ова лето

Најдобар начин за релаксација и одмор од електронските уреди е читањето книги. Книгата е одлично друштво каде и да сте, а ова се десет книги кои нудат гарантирано добро „потрошено“ време. Трилери, романи, драми…различни приказни за да се задоволат разлчните вкусови на читателите. Во книжарница Култура во тек се летните намалувања на сите нивни изданија, а со сигурност ќе најдете некоја интересна приказна која ќе ја понесете на вашето патување.

Приватни скандали

Дијана Рејнолдс има сè што ќе посака: работа и живот од соништата. Како талентиран телевизиски новинар, таа е одлучна да успее на свој начин. Но, во свет полн со јавни непријатели и скандали, Дијана создава неколку многу опасни непријатели – вклучувајќи го и нејзиниот стар ментор, брилијантната емотивна манипулаторка Енџела Перкинс. Додека Дијана го постигнува врвот во кариерата, таа е во љубовна врска со најхаризматичниот новинар во телевизијата, Фин Рајли, кој исто така е и бивш љубовник на манипулаторката Енџела. Додека летаат искри помеѓу Фин и Дијана, Енџела се обидува да се одмазди. Но, во позадина се крие една мрачна опсесија, од која никој не е безбеден..

 

Трнлива вистинa

Во нејзината последна книга таа раскажува за Рејчел и Роуз, сега жени со возрасни деца, конечно се соочуваат со судбината што ги прогонува речиси половина век кога беа заменети во болницата. Она што сега им се заканува може целосно да им го загорчи животот и да ги открие длабоко скриените тајни.

Трилогијата на Џени Хан: До сите момци што ги сакав 

Романтична и симпатичена трилогија на еден од најпродаваните автори на „Њујорк тајмс“. „До сите момци што ги сакав“, „П.С. Се уште те сакам“, „Заскогаш, Лара Џин“ со сигурност ќе бидат одлична забава за вас ова лето, а причина повеќе за да ја прочитате оваа трилогија летово е екранизацијата на првиот дел „До сите момци што ги сакав“ која излегува на крајот на август.

Митот за Линколн

Соединетите Американски Држави и поредокот каков што го познаваме се на пат да бидат срушени. Јунакот Котон Малоун е повторно тој што ќе го спаси денот. Бирајќи меѓу личната среќа и сигурноста и безбедноста на светскиот поредок тој се одлучува за второто. По цена да изгуби сѐ што има, по цена на љубовта и единственото вредно за кое живее тој одлучува да ги спаси САД.

exclusive.mk

GOLD
To Top