Новости

Книга

Објавен првиот роман на Сашо Огненовски – „Сивиот плоштад”

Првиот роман на Сашо Огненовски – „Сивиот плоштад“ објавен е во издание на издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје. Лилјана Пандева во поговорот кон овој роман пишува дека „Сивиот плоштад“ не треба и не може да се спореди со ниту едно друго прозно дело од македонската современа книжевност.

– Благодарение на авторовата условно речена љубов за филмот и театарот или пак безусловно речено на неговата ерудитност за филмот и театарот, „Сивиот плоштад“ е прозно дело – роман, но со филмска сценографија и со драмски дијалог, со еден збор, романот е адреналински. Од прологот до крајот, пишува Пандева во поговорот.

Сашо Огненовски е писател, актер и комуниколог. Досега издал пет збирки поезија: „Лавина“, „Плодовите на гневот“, „Пустински цвет“, „Сума“ и „Менување на минатото“, две пиеси за возрасни и четири пиеси за деца. Неговите дела се преведувани на англиски, српски, бугарски и арапски јазик. Застапен е во поетски антологии во земјата и во странство. Уредник е на книжевното списание „Книжевни елементи“. Преведува од српски и англиски јазик. За својата поезија добитник е на наградата ИЊА Богдани од Косово и на наградата на Друштвото на преведувачите од Црна Гора.
„Сивиот плоштад“ – прв роман на Сашо Огненовски, во издание на ПНВ Публикации | opserver.mk

GOLD
To Top