Новости

Книга

Повик до младите поети да испратат своја творба до битолската библиотека

По повод одбележувањето на Светскиот ден на поезијата – 21 март, Националната установа Универзитеска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола организира поетско читање.

Библиотеката ги повикува сите заинтересирани млади поети кои сакаат да учествуваат на настанот, да испратат своја творба на следниот маил: nuub.bitola@gmail.com, со назнака – ден на поезијата.

Право на учество имаат сите млади творци без разлика дали веќе имаат издадено своја книга.
Творбите да се испратат најдоцна до 11.03.2018 година (недела)

GOLD
To Top