Новости

Книга

Поезијата на Руми одекна во ресенскиот сарај

Синоќа пред Сарајот, во прекрасниот двор и амбиент на ова историско здание, беше промовирана поетската збирка „Два света” од познатиот поет, филозоф и теолог од Персија кој творел во 13-тиот век, Џелаледин Мевљана Руми. Поезијата на Руми годинава доби превод на современ македонски јазик преку поетската збирка „Два света”, од страна на преведувачот Тихомир Јанчовски.Јанчовски, заедно со промоторите, митрополитот Пимен и струмичкиот поет Митко Гогов прочитаа дел од преведната поезија на Руми.

„Во основа Руми е теолог, без разлика на фактот што и припаѓа на друга вера. Но, сепак таа е универзална теологија и знае да се повика на чистота на душата и менување на животот на подобро, така што таа припаѓа во моралната теологија. Другата причина поради која што вечерва читав поезија од Руми е навраќањето на времињата кога сум чул за Руми и сум читал негови песни, што беше доволен мотив да ја истражувам теологијата повторно и повторно. Третата причина е пријателскиот момент меѓу мене и Тихомир Јанчовски и взаемниот однос, такашто тој ме покани да бидам еден од луѓето кои ќе ја читаат поезијата од Руми во Ресенскиот сарај“, рече митрополитот Европски, г-н Пимен.

Дел од преведените песни беа прочитани и од ДобрилаГрашевска, вокалистнагрупата Чалгија саунд систем, која на задоволство на публиката изведе неколку стари македонски композиции, а публиката запеа заедно со неа.

 

GOLD
To Top