Новости

Книга

Промовирана книгата „Девојчето на ридот“ од авторката Ида Мантон

Учениците од ОУ „Гоце Делчев“ – Битола денеска присуствуваа на промоцијата на книгата „Девојчето на ридот“ од авторката Ида Мантон.

Учениците имаа можност да запознат лица со Даунов синдром, да научат што е Даунов синдром, да слушнат дека лицата со Даунов синдром одат на училиште, работа, учестуваат во одлуки за нивниот живот и придонесуваат во општеството на многу различни и преубави начини.

Ова е најдобар начин со време да ги подготвиме сите деца за свет со различности, за тие да пораснат и да станат освестени возрасни кои ќе креираат можности за лицата со Даунов синдром, не од жал, туку затоа што веруваат во нивните вештини, креативност и способности.

Ако погледнете во сите луѓе околу вас ќе го видите истото што ќе го најдете и во група луѓе кои маат Даунов синдром. Некои се весели, со смисол за хумор, некои се умерени во однесувањето или претпочитуваат мир и свој простор. Некои од нив го познавааат цел град, а други ќе се затворат во својата соба, во царството на музиката или книгите. Целиот спектар на човековото однесување е она што ќе го најдете и во групата на лицата со Даунов синдром и сите тие се различни меѓу себе исто како сите други луѓе меѓу кои нема да најдете идентични личности.

GOLD
To Top