Новости

Книга

Промоција на збирката поезија „Креирај – слемирај“

Учесниците во рамки на проектот имаа можност да се запознаат со слем-движењето кај нас и пошироко.
Проектот беше составен од три работилници низ кои учесниците се обучија за слем-поезија, имаа можност да настапуваат и да се натпреваруваат како слемери.
Во текот на работилниците учесниците имаат можност да:
– научат за значењето и употребата на слем поезија
– да го развијат креативниот потенцијал
– да работат на својот настап
– активно да учествуваат на натпреварот
– да учестуваат во Збирка поезија со своја оригинална песна
Дел од темите кои се обработија во вид на слем-поезија беа:
– Иселувањето на младите
– Невработеноста кај младите
– Влијанието на политичкиот систем
– Семејството како вредност за младите
– Љубовта
– Социјалните медиуми и сл.

Исто така имаа можност да креираат своја творба и зедоа учество во завршниот настан – Натпревар за слем-поезија.
Проектот насловен како „Креирај- Слемирај!“ е поддржан од страна на „Бит Фест“ програмата за развој на Битолско културно лето.
Слем- поезијата е одлична можност за младите да ги научат современите уметнички перформанси и да ги изразат своите стихови во вид на личен став со кои ќе поттикнат прашања во нашиот град.
Едукатори на работилниците беа Ана Гегова, Елена Богадновска.

Креативното изразување ќе помогне во зголемување на свеста кај младите по однос проблемите со кои се соочуваат и креативна артикулација на истите преку споделување во својата заедница.
Учесниците имаа можност да се изразат креативно, да дебатираат на одредени фокус прашања и да создадат свое оригинално и авторско дело – поезија со која ќе се претстават на промоцијата на збирката поезија „Креирај – слемирај“ на 14 септември 2018 година со почеток во 12.30 часот во просториите на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола.

GOLD
To Top