Новости

Книга

Промоција на книгата „Сестра Касијана“ од Добре Тодоровски

На 20 ноември во 18 часот во битолската библиотека ќе се одржи промоција на книгата „Сестра Касијана“ од авторот Добре Тодоровски.

Во романот се обработува реална приказна за два живеани света на носечкиот лик, оној од секојдневното живеење и тематики од монашкиот живот на сестрите монахињи, кои одлучиле животот да го посветат во служење во нашите православни манастири.

Направен е обид барем малку да се долови еден таинствен свет исполнет со молитви, немерлива љубов и среќа во славењето на нашиот Господ Бог, посочува авторот Тодоровски.

Промотори na книгата се: Билјана Т. Димко, Радован П.Цветковски И Панде Манојлов.

Книгата е во издание на книгоиздавачката куќа ,,Матица“-Скопје.

GOLD
To Top