Новости

Книга

Промоција на најновата книга поезија од Сашо Огненовски „Менување на минатото“

Промоција на најновата книга поезија од Сашо Огненовски „Менување на минатото“ во МКЦ во Скопје со почеток во 20 часот.

„Во својата најнова книга Сашо Огненовски прави решителен исчекор од говорот на емоцијата и интимистичката онтологија кон говорот на интелектот. Неговиот поетски проект тука сега спаѓа во концептот кој се именува со синтагмата пеење и мислење. И тој проект таков е конзистентно остварен и поетски акрибично реализиран како поетско-филозофски системод првиот до последниот стих.
Од песна во песна, неговата длабинска метафизичка потрага од родот се шири и кон историската метафизичка судбина на сеопштото човеково постоење. Поетот него го промислува главно интелектуално, со една понорна рефлексија под чија кора се наѕира длабок онтолошки слој.

Ефтим Клетников

GOLD
To Top