Новости

Книга

Содржините на Росица отворени за децата на социјалните мрежи

Списанието за деца РОСИЦА, во издание на Редакција ДЕТСКА РАДОСТ при ПРОСВЕТНО ДЕЛО,  и во овие денови во услови кога поради новонастаната ситуација со вирусот КОВИД 19, познат како КОРОНА ВИРУС, и прогласувањето на пандемија од светски рамки, што услови и прекин на работата на предучилишните установи и училиштата, покажува висока  општестевена одговорност и го потврдува своето долгогодишно пријателство со  децата, воспитувачите,  наставниците и родителите, на тој начин што секојдневно споделува литературни, едукативни и интерактивни содржини на своите фб страници: Росица списание за најмали и Росица списание за ученици во прво одделение,  прилагодени на актуелната наставна програма во предучилишното и основното воспитание и образование. Овие содржини, секојдневно се споделуваат и на  социјални мрежи преку  официјалните профили, групи и страници како на издавачката куќа Просветно дело, така и во многубројни групи на наставници и едукатори во нашата држава.

На тој начин, ова омилено списание за деца  го дава својот придонес во реализацијата на наставната програма на далечина, но и на пополнување на времето на децата и родителите кои се дома, согласно препораките на ресорните министерства во правец на зачувување на јавното здравје и благосостојба на населението .

Долгогодишна соработка и  взаемна доверба списанието за деца  РОСИЦА, кое патем речено излегува од печат од 1977 година,  и во овие вонредни услови продолжува секојдневно да ги гради како со децата, така и со воспитно-образовниот кадар на најдобар можен начин.  Преку бесплатно споделување на интерактивни материјали, пропратени со внимателно осмислени предизвици кои ги мотивираат и инспирираат децата и возрасните, редакцијата на списанието продолжува секојдневно да биде во контакт со својата читателска публика. На овие страници, можете да најдете литературни и едукативни содржини потпишани од најпознатите писатели, илустратори и едукатори за деца. А, вам не ви останува ништо друго, освен да продолжите да другарувате со оваа омилено списание за најмали, да ги прифаќате нивните предизвици и да бидете дел од содржините објавени на нивните популарни страници. СедиДома со РОСИЦА.

 

GOLD
To Top