Новости

Книга

Утре во Битола промоција на книгата „Чудесните светови на Алиса“

Националната Установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ -Битола и Мерсиха Исмајлоска, Ве покануваат на промоцијата на книга „Чудесните светови на Алиса“ во издание на Вермилион која ги обработува книгите „Алиса во земјата на чудата“ и „Алиса во светот на огледалото“ од Луис Карол и нивните интерпретации во визуелните уметности и воопшто во културата.

Со чај и колачиња, промоцијата е на ден 14.04.2018,(сабота) во просториите на библиотеката, со почеток во 12 часот.

Промотор на книгата е проф. д-р Даниела Андоновска – Трајковска. Драматизација на текстот ќе подготват учениците од ОУ „Даме Груев“ – Битола под менторство на наставничката Нела Неделковска. Модератор на настанот Божидар Николовски.

GOLD
To Top