Учениците и младите поети од Битола читаа поезија – се одбележа Светскиот ден на поезијата

Секоја година, 21-ви март е резервиран за одбележување на три големи настани. Освен што ќе и кажеме големо “Добредојде” на пролетта, на екологијата исто така го одбележуваме и Светскиот ден на поезијата.
Вчера, во салата за промоции се одржа поетска манифестација, на која учестуваа млади поети од основните и средните училишта како и други млади и талентирани поети, кои претходно се пријавија на отворениот распишан повик за учество на манифестацијата со свои поетски творби.
Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола секоја година дава поддршка на поезијата, враќање на усната традиција на поетски рецитали, промоција на едукацијата за поезијата, обновување на дијалогот меѓу поезијата и другите уметности (театарот, танцот, музиката, сликарството), поддршка на малите издавачи и создавање атрактивна слика за поезијата во медиумите, рече директорката на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола м-р Јелена Петровска при обраќањето на почетокот на манифестацијата.
Поетски творби читаа:
– Јана Вангеловска
– Андреја Наковска
– Андреја Ѓуровска
– Анастасија Ѓуровска
– Ѓоргина Христова
– Коштрева Бојана
– Оливера Илиевска
– Божидар Николовски
– Антонио Стојановски
– Анастасија Димоска
– Узурџан Медик
– Шазе Медик
– Филип Костовски
– Ана Дамчевска
– Елена Коџасинска
– Филимена Најдовска
Треба да се напомене дека сите поетски творби беа со посебен квалитет, при што оставија впечаток, создавајќи лирска атмосфера. Во најмладите гледаме знаење, свест и дарба за поголем исчекор во поетскиот израз, да внесуваат иновации и креативност во своите творби.
Вториот дел од настанот се обратија поистакнатите млади поети:
Биљана Талевска Димко Стефановска,
Билјана Тодоровска
Елена Костадиновиќ,
Елена Богдановска,
Ана Милошевска
Михајло Свидерски
Славица Гаџова Свидерска
Понесени од целата поетска атмосфера која се создаде, со своја поезија настапија и други присутни лица кои се занимаваат со поетско творештво.
