Новости

Битола инфо

Битолската библиотека од денес повторно работи со корисници

НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, од денес, 06.07.2020 година повторно почнува да работи со корисници.

Во согласност со мерките и препораките од Владата по предлог заклучоци од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, донесе одлука за отпочнување со работа на библиотеките.

НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола ќе продолжи да работи со задолжително почитување на протоколот за работа на библиотеки.

ВАЖНИ УПАТСТВА ЗА КОРИСНИЦИТЕ

Задолжително носење лична заштитна опрема на лицето, што подразбира каква било форма на заштита која ги покрива пределот на носот и устата: маска, марама или шал. Корисникот може да влезе во библиотеката само со лични заштитни средства.

Дезинфекција на рацете пред влегување во библиотека (средството за дезинфекција е обезбедено од библиотеката).

Одржување на физичко растојание од 2 метри
Во библиотеката истовремено може да влезе по еден корисник во секој оддел.

Библиотеката ќе ги следи мерките на надлежните органи и соодветно ќе ги прилагодува и менува постојните мерки на заштита. Библиотеката навремено ќе ги информира корисниците за сите промени преку соопштенија на влезот, преку официјалната веб страна и на профилот на фејсбук.

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работата со корисниците ќе се одвива во две смени:

Прва смена 8.00. – 11.30 часот
Пауза за дезинфекција на просторот 11.30 – 12.00 часот
Втора смена 12.00 – 16.00 часот

Сабота е неработна.

РАБОТА СО КОРИСНИЦИ

Само за враќање и позајмување книги
Обновување на членството и запишување на нови корисници.
Читалните нема да работат до донесување на новите упатства.

ВРАЌАЊЕ НА БИБЛИОТЕЧНА ГРАЃА ( КНИГИ)

Корисниците ќе можат да ги вратат книгите и да позајмат нови.
Вратените книги посебно се одвојуваат и во следните 72 часа нема да бидат достапни за позајмување.
Библиотеката нема да го евидентира пропишаниот рок за враќање на позајмените книги во периодот кога не работеше со корисници.

Се препорачува на читателите да го користат електронскиот каталог за прабарување (OPAC) кој е достапен на www.nuub.mk при избор на библиотечната граѓа.

GOLD
To Top