Новости

Книга

Збирката поезија ,,Лирски Елегии” објавена на англиски јазик

,, Лирски Елегии“, збирката поезија на македонскиот поет и доктор Александар Саша Трајковски објавена на англиски јазик во превод на Зорица Врчковска.

Наградуваната збирка поезија „Лирски Елегии“ деновиве беше објавена на повеќе платформи за книги на англиски јазик.

Инаку ,,Лирски Елегии” или “Lyric Elegies” е достапна во печатена и електронска форма преку сајтовите на aBarnes & Noble, ланец од книжарници ширум САД, Apple Books, Smashwords и други платформи за литература во печатен и дигитален облик.

Книгата може да ја добиете во печатен облик во книжарниците на овие платформи или во дигитален формат преку онлајн нарачка, како и преку Амазон.

Зорица Врчковска е името кое стои зад преводот на книгата од македонски на англиски јазик, како и лектурата на англиски јазик.
Македонското издание на книгата со лектура на Христијан Аџиоски беше објавено во 2021-та од Издавачката куќа „Дата Песнопој“.

Евротип
SNBROKER
To Top