Излезе петтиот број од книжзевното списание „Книжевни елементи“

Излезе петтиот број од книжзевното списание „Книжевни елементи“. На повеќе од двесте страници застапени се повеќе од педесет писателски имиња од земјата и од странство. Еден од куриозитетите се песните на Њжен Јонеско кои од романски ги преведе Ермис Лафазановски, како и изборот песни од индоамериканскиот поет Срикант Реди овогодишна номинација за престижната светска поетска награда Грифин. Интегрално овој број ја донесува и пиесата на Јетон Незирај „Балкан Бордел“ која неодамна ја имаше својата премиера во копродукција на Театарот Ода од Косово, Атеље 212“ од Белград и легендарниот „Ла Мама“ од Њујорк. Земја во фокусот на овој број е Албанија со сјајни писателски имиња од оваа земја.
