Новости

Книга

Повик за донирање книги по повод Меѓународниот ден на книгата

Пелагонските културно-научни средби Новаци по повод меѓународниот ден на книгата, 23 април, ќе организираат донација на книги за збогатување на фондот на  училишните  библиотеки на ООУ „Славко Лумбарковски“- Новаци.

Донацијата е од отворена, така што книги можат да донираат автори (примерок од свои дела) како и секој книгољубец што има желба да учествува во акцијата.

Сите заинтересирани можат да ги контактираат преку  фејсбук страницата на Пелагонските културно – научни средби :   https://www.facebook.com/PKNSN2020 .

GOLD
To Top