Новости

Книга

Промоција на книгата за деца „Чудесниот свет на полвот Ѓорѓе“

Неодамна во издание на „ПЕРУН АРТИС“ од Битола од печат излезе еколошкиот роман на црногорскиот писател за деца Жарко Вучиниќ „Чудесниот свет на полвот Ѓорѓе“.
Дејствието на книгата е инспирирано од древните легенди од Проштенските планини кои се наоѓаат на десниот брег од реката Тара. Оваа книга низ бројните настани кои се преплатуваат ги учи на важноста за зачувување на здравата животна средина и вистинските општествени вредности. Покрај тоа, во приказната се опишани автентичните локации на споменатиот крај со тшо книгата директно го промовира туризмот заснован на природните вредности на Црна Гора.


Заради пандемијата од Корона вирусот, авторот на оваа книга и член на невладината организација Здружение за развој на руралните области и шумарството „УРОШ“ не присуствуваш на овие настани, но учениците за делата на Жарко Вучиниќ и неговиот концепт „Природа, деца, фантазија – учиме со полвот Ѓорѓе“ ги запознаа наставниците Влатко Стојковски и Габриела Стојаноска Станоеска.
Покрај тоа што е писател на интересни еколошки романи, Жарко Вучиниќ е и шумарски инженер кој е препознат по споменатиот концепт чија цел е враќање на децата на природата. „Природа, деца, фантазија – учиме со полвот Ѓорѓе“ епроект презентиран пред повеќе од 7000 деца од Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. Денес, училиштата од овие училишта се првите во Северна Македонија на кои им е претставен овој концепт“, рече преведувачот Сашо Огненовски.
Преводот на книгата и нејзиното печтење е спроведено во рамките на проектот „Промоција на еколошката свест во Северна Македонија преку книгата „Чудесниот свет на полвот Ѓорѓе“ која ја спроведува црногорската невладина организација „УРОШ“ Книгата беше промовирана во училиштето „Браќа Миладиновци“ во село Жван, Демир Хисар и во основното училиште „Кочо Рацин“ во Прилеп, а за делото зборуваа наставниците Влатко Стојковски и Габриела Стојаноска Станоеска. На крајот на настаните сите деца добија по еден примерок од книгата за ѓаволстиот полв Ѓорѓе која им го разубави училишниот распуст.
Манифестациите, како и преводот и печатењето на книгата ги овозможи Постојаната регионална група за регионален рурален развој (SWG) во југоисточна Европа во партнерство со Германската асоцијација за меѓународна соработка (GIZ) во рамките на проектот “Диверзификација на економските активности во руралните подрачја на југоисточна Европа низ развојот на синџирот на вредностите“.

GOLD
To Top