Новости

Книга

Романот „Турнеја“ од Сашо Огненовски во Риека награден за најдобар роман надвор од Хрватска

На триесетгодишнината на Хрватското книжевно друштво во Риека на традиционалното доделување на книжевните награди оваа година наградата за најдобар роман надвор од Хрватското говорно подрачје беше доделена на писателот Сашо Огненовски за неговиот роман „Турнеја“ во издание на Бегемот од Скопје. Наградата беше доделена во салата на Советот на град Риека од страна на претседателот на Хрватското книжевно друштво Валерио Орлиќ, додека негов книжевен портрет беше одржан во просториите на Македонското Културно Друштво „Илинден“ каде што беа претставени неговите книги, како и наградениот роман и книжевното списание „Книжевни елементи“ чиј последен број беше посветен токму на Хрватската книжевност. Книгите ги претставуваа писателите Валерио Орлиќ и Срѓан Духовиќ, а на истата вечер на Сашо Огненовски му беше доделена и наградата за особени заслуги во областа на книжевноста.

Евротип
Евротип
To Top