Новости

Книга

Само за читателите на книги – Овие три библиотеки се вистински архитектонски чуда

Доколку сте љубител на книги и уживате во читањето, знаете дека и амбиентот е оној дел од мозаикот за создавање на совршена атмосфера. Би ги издвоиле овие три библиотеки од светот кои се сметаат за архитектонски чуда, а и нивниот ентериер блеснува во секоја смисла. Од извонредниот амбиент до активностите кои се случуваат внатре.

Окото на Бинхаи

Библиотека во културната област Бинхаи во Тијанѓин, Кина е убавица што се протега на пет ката со џиновски сферичен аудиториум во средината што наликува на око.

Оваа библиотека ја нарекуваат Окото на Бинхаи, содржи 1,2 милиони книги и е со површина од 34.000 метри квадратни.

Потписот кој стои зад дизајнот на ова ремек дело е на холандската компанија MVRDV и истата е во соработка со Институтот за урбано планирање на Тијанѓин. Оваа убавица има пет ката со џиновска градба на средината што наликува на око.

Јавната библиотека во Канзас, САД

Интересно за оваа библиотека е што нејзинот екстериер или нејзината градба, фасада е направена да изгледа во форма на полица со огромни книги. Истата ја сочинуваат 22 „книги“ високи по 7-8 метри, а насловите ги предложиле токму читателите, а потоа имало селектирани од вработените.

Имено „полицата“ ја сочинуваат книгите: „Да се убие птицата подбивница“, трилогијата „Господарот на прстените“, „Приказна за два града“ и „Фаренхајт 451“.

Централна библиотека во Калгари, Калгари

Oваа библиотека е архитектонско чудо и е дизајнирана од норвешката архитектонска фирма Snohetta и канадската фирма Dialog. Фасадата вклучува испреплетени шестоаголни обрасци, дозволувајќи им на секоја страна од зградата да има еднаква важност.

Спојот на природата со модерниот дизајн е во тоа што нејзиниот ентериер е целосно создаден од штици.

Во оваа библиотека се одржуваат забавни игри и активности на долните катови, вклучувајќи детска библиотека и рани книжевни програми на приземјето, постепено преминувајќи во потивки области за учење на горните катови. Низ шест ката, библиотеката располага со различни простори кои нудат дигитални, аналогни, групни и индивидуални интеракции.

Фотографија на насловна: print screen /you tube

Евротип
SNBROKER
To Top