Новости

Книга

Ученици од Битола наградени на Поетската манифестација за деца и млади „Пролет на сребрените соништа“

И оваа година, по четврти пат се одржа Литературната манифестација „Пролет на сребрените соништа”, Радовиш 2021.
Завршниот настан закажан за 9.10.2021 се одржа во ЦК „Ацо Караманов”, каде што на сцената, наградените ученици ги прочитаа своите поетски творби.


Учениците и менторите беа наградени со книги кои ги обезбеди „Просветно дело”, добија и дипломи за „најдобра песна” од Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија.
Ликовниот уметник Живко Поповски Цветин, за наградените ученици и ментори изработи картички со ” цвеќето на мирот”.
Покрај доделувањето на наградите, публиката во салата го проследија Перформансот: ,,Караманов и Конески – инспирација за уметничка интерпретација” (книжевно-музички и ликовно-интерпретативен перформанс) во реализација на АКАДЕМИЈА ЕУРОАРТ-Штип.
Исто така за време на завршниот настап се одвиваше и ликовна работилница под менторство на ликовниот уметник Анастасија Петрова од Академија Еуроарт – Штип.
Како дел од програмата се реализираше и интерактивно интервју со писателката за деца Ксенија Трајчева Маказлиева во која таа одговарајќи на поставените прашања на присутните им ја доближи нејзината најнова книга ” Борко Брзозборко”
Свој осврт на книгата направија д-р Милена Ристова Михајлoвска и Гордана Здравкоска.

НАЈДОБРИТЕ 25 ПОЕТСКИ ТВОРБИ
„ПРОЛЕТ НА СРЕБРЕНИТЕ СОНИШТА„ 2021
1. Максим Арсов, VI-2 одд.,
ООУ „Никола Карев“ Кочани
Ментор: Љупка Стојменова
2. Михаела Младеновска, VIII-б одд.,
ООУ „Аврам Писевски“-с.Бардовци, Скопје
Ментор: Ивана Ристоска
3. Мила Анчевски, VII одд.,
ООУ „Св.Кирил и Методиј“ – Велес
Ментор: Анита Мирчева
4. Маша Родић, VII -2 одд.,
ОШ ”Васа Чарапић” Бели Поток – Србија
Mентор: Снежана Стојановић
5. Сара Алексовска, IV-б оделение,
ООУ „Христијан Карпош“ – Куманово
Mентор: Александра Павловска
6. Дамјан Талевски, VI одд.,
ОУ „Даме Груев“ – Битола
Ментор: Билјана Герас
7. Теона Петровска,
О.У. „Д-р Трифун Пановски“ – Битола
Ментор: Светлана Мирчевска
8. Бојан Димовски, IX одделение,
ООУ „Круме Кепески“- Скопје
ментор: Билјана Стојановска – Дивјакоска
9. Маријана Николова VII-a одд.,
ООУ ,,Страшо Пинџур” – Неготино
ментор: Нетка Богевска
10. Мила Кралева, IX – 3 одделение
ООУ ,,Славејко Арсов“ – Штип
ментор: Драгица Петрова
11. Амела Бајрамова, V одд.,
ООУ „Панко Брашнаров“ – Велес
Ментор Анкица Калешова
12. Илина Димитровска,
ООУ Владо Тасевски-Скопје
Ментор: Верче Атанасова
13. Бојан Каралиоски, ученик од VIII б одд.
ООУ ,,Григор Прличев“, Скопје
Ментор: проф. Љупчо Јордановски
14. Марија Неделкоска IX одд.,
ООУ„Вера Јоциќ“ Скопје
Ментор: Милена Манчиќ-Пауновска
15. Леона Ширкова VII -в одд,.
ООУ „Ацо Шопов“ Скопје
Ментор: Александра Jорданоска
16. Мила Христовска, V-б одделение,
ООУ,,Киро Глигоров“ –Општина Центар, Скопје
Ментор: Инека Мостерман
17. Викторија Атанасова VI-1
ОУ “Даме Груев”с. Ерџелија
Ментор: Катерина Алексова Наумова
18. Марија Николова VI одд.,
ООУ „Видое Подгорец“ – Колешино
ментор: Марија Брндевска
19. Николинка Глигорова VI одделение,
ООУ ,,Св. Кирил и Методиј’’ – С. Дабиље-Струмица
Ментор: Бисера Трајкова
20. Анастасија Соколова 7 одд.
ОУ „Синиша Стоилов“ Зрновци
Ментор: Далиборка Милосјова
21. Александра Стојановиќ
ДСУ Спортска академија-Скопје
ментор: Анета Трајковска-Милева
22. Ангела Андоновска
ОСМУ. ,, Никола Штејн”-Тетово
Ментор: Бранкица Стефаноска
23. Александра Станоевска
ООУ “Дедо Иљо Малешевски”- Берово
Ментор: Веселинка Каламадевска
24. Ивана Христова, II год.
ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ – Битола
ментор: Дарија Наумовска
25. ГРАН ПРИ за Ева Дејановска,
ООУ ”Мустафа Кемал Ататурк”, Гостивар
ментор: Виолета Танеска

Наградите за најдобрите ги обезбеди официјалниот партнер на манифестацијата ПРОСВЕТНО ДЕЛО, Скопје

Евротип
Евротип
To Top