Новости

Книга

23 Април – Светски ден на книгата и авторското право

Во годината која што ја оставивме зад нас, целиот свет се прилагодува кон работа во услови на пандемија со Ковид – 19. Библиотеките како паметник на човештвото и една од последните оази на човекот кој што се најде во ситуација на социјална, културна па и образовна изолација, им дава на своите читатели и корисници, услуги надеж и можност за квалитетно поминување на слободното време во времето на изолација.
Во пролетта кога природата се буди, се слави и празникот на книгата и авторските права, 23 април како симболичен датум за светската литература. Токму на овој датум во 1616 година починаа Сервантес, Шекспир и Инка Гарсиласо де ла Вега. Тоа е исто така датум на раѓање или смрт на други истакнати автори, како што се Морис Друон, Халдор К.Лаксенс, Владимир Набоков, Хосеп Пла и Мануел Мехија Ваleехо.
Тоа беше природен избор за Генералната конференција на УНЕСКО, одржана во Париз во 1995 година, да им се оддаде светска почит на книгите и авторите на овој датум, охрабрувајќи ги сите, а особено младите, да го откријат задоволството од читање и да добијат ново обновување, почитување на незаменливите придонеси на оние, кои го продолжија социјалниот и културниот напредок на човештвото.
Имајќи го ова предвид, УНЕСКО го создаде Светскиот ден на книгата и авторското право. Денот се слави во цел свет, на сите меридијани со се поразлични активности и воведување на нови содржини и читање на светската порака за важноста на читањето, а во многу земји угледни писатели и научни работници во своите земји, пораката ја упатуваат на својот мајчин јазик, со што се промовира богатство на културното наследство.
Од 2000 година, Светскиот ден на книгата и авторското право инспирираше друга иницијатива на професионални организации, која добива помош од УНЕСКО и поддршка од државите: Главен град на светската книга.
Секоја година се избира град кој се обврзува да го промовира денот на книгата преку нови иницијативи, изнаоѓање на нови пристапи во решавањето на проблемите поврзани со печатење, дистрибуција и популаризација на книгата до 23 април следната година. Го одбележуваат милиони луѓе во над 100 земји, во стотици доброволни организации, училишта, јавни тела, професионални групи и приватни бизниси.
Во овој долг период, Светскиот ден на книгата и авторското право освои значителен број луѓе од секој континент и сите културни средини за каузата за книгите и заштитените права. Тоа им овозможи да откријат, искористат максимално и да истражат во поголема длабочина, мноштво аспекти во светот на издаваштвото: книги како вектори на вредности и знаење и депозитори на нематеријалното наследство; книги како прозорци кон различноста на културите и како алатки за дијалог; книги како извори на материјално богатство и заштитени авторски дела на креативни уметници. Сите овие аспекти беа предмет на бројни иницијативи за подигање на свеста и промоции кои имаа вистинско влијание. Сепак, не смее да има попуштање во овие напори.
Скоро сите региони во светот, пак, веќе биле вклучени во овој процес, што на тој начин го трансформира одбележувањето на книгите и авторските права во повторлива активност, проширувајќи го уште повеќе географското и културното влијание на книгите.

GOLD
To Top