8-годишната Леона од Битола наградена на литературната манфестација „Средби под јаворите – Видое Подгорец“ во Струмица

Третоодделенката Леона Марковски од ОУ „Елпида Караманди“ Битола освои втора награда на конкурсот објавен во рамките на литературната манфестација „Средби под јаворите – Видое Подгорец“ која се одржува викендов во Струмица. 8-годишната Леона ја освои наградата во конкуренција на над 600 пријавени творби.
Леона под менторство на одделенскиот наставник Гордана Угриновска учествуваше и беше наградена за следната творба:
Читаме……
Кога читаме-патуваме,
низ светови разни.
Кога читаме-растеме
со приказни и сказни.
За мама книга убава,
за тато спортски весник.
За мене Другарче знајно
за да бидам сјајно.
