Новости

Настани

Битолската библиотека го одбележа патрониот празник

Битолската библиотека денеска свечено го одбележа патрониот празник. На почетокот на настанот на присутните им се обрати м-р Бојан Стефановски, директор на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. Присутните гости уживаа во прекрасниот поетско – музички рецитал по повод 50 години „Дениција“ од Петре М. Андреевски, Метафора на животот, љубовта и смртта во кој учествуваат професорите Николина Поповска, Марија Младеновска Димитровска и Марјан Тасевски и учениците Божидар Николовски и Борјана Видановска. На крај следеше промоција на Списанието Библиотечен тренд бр. 46, Зборник на излагања од 13-та Роднокрајна средба со битолските писатели од Македонија и Млади поетски перформанси (Избор на поетски творби), Книга 2 – промотор беше библиотекарот Илче Стојановски.

GOLD
SN Finansii
To Top