Новости

Настани

Битолчани уживаа во звуците на француска музика

Во Изложбениот салон на Завод, музеј и галерија Битола се бараше место повеќе за концертот на француска класична музика, на кој во саботата настапија Фредерик Легранд на виолончело, Марко Поп Ристов на виолина и Марија Вршкова на пијано.

Концертот, на едно место донесе двајца врвни светски музичари кои и се познати на битолската публика и кои потекнуваат од Битола, како и французинката Фредерик Легранд, која за прв пат настапи пред битолчани.

На програмата беа изведени дела од француски класични композитори и тоа трио сонатата за виолина, виолончело и пијано од  Jean Baptiste Loeillet, La bandoline за виолончело и пијано од F.Couperin, сонатата за виолина и пијано од F.Poulenc и за крај беше изведено триото за пијано, виолина и виолончело во Г дур од Debussy.

Публиката уживаше во настапот на тројцата уметници, кои ги награди со долготраен аплауз, по што следуваше и краток бис. Концертот беше реализиран во соработка со Француската амбасада во Македонија, Францускиот конзулат и Француската алијанса од Битола.

Evrotip
Евротип
To Top