Новости

Настани

Вечерва во Битола: Дискусија за (не)одговорното планинарење и проекција на филмот „North Face“

Дебатното кино Контра кадар вечерва во Битола организира проекција на филмот „North Face“. Веднаш после филмот ќе има дискусија за (не)одговорното планинарење: предизвиците и ограничувањата кои ги поставува планината, како да се справиме со нив што е можно побезбедно, каде и како да се обратиме за помош си сличн, најавуваат од Констра кадар.

Гостин на проекцијата е Петар Нолев, основач на Mountain Solutions, овластен водич со А лиценца и раководител на тимот за спасување на планина од Дирекцијата за заштита и спасување.

Содржина на филмот: 1936 година – Ајгер, врвот на швајцарските Алпи, на надморска височина од 3,967 метри. Нацистите, како дел од пропагандата за патриотизам, супериорност и дисциплина, форсираат двајца германски алпинисти да го освојат дотогаш неосвоениот Ајгер.

Адреналин, страв, агонија, болка, радост – коктел од состојби, кои се менуваат како планинските услови на патот до Ајгер.

Проекцијата и дискусијата ќе се одржат во Малата сала на Центарот за култура со почеток од 19:00 часот. Влезот е слободен.

GOLD
To Top